Бушати: Тирана ја поддржа платформата на политичките партии на Албанците
Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати, потврди дека Албанија ја поддржала платформата на политичките партии на Албанците во Македонија и оцени дека политичката ситуација во Македонија, за среќа се уште не е премината во меѓуетничка криза.
- Ние ја поддржавме таа платформа на албанскиот политички фактор во Македонија како обид за да се спроведе нереализираниот Охридски договор, за да се отвори евроатланскиот пат на Македонија и како трето да се создаде подобра клима со нејзините соседи. Сеуште не сме во услови да се зборува за меѓуетничка криза и се надеваме дека нема да оди во таа насока, изјави Бушати на гостувањето синоќа во емисијата „ТОП стори“ на тиранската телевизија Топ чанел.
Тој додаде дека платформата на партиите на Албанците била употребена како алиби од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Иванов, но вознемиреноста била на друго место. Според него, немало никакви препораки од меѓународните партнери, ниту пак „некаква преференца на партиите на Албанците за формирање сојуз со СДСМ“. Според него и со оваа коалиција, за целосна реализација на платформата ќе биде потребно разбирање од целокупниот македонски фактор.
- Еден добар дел од прашањата кои се опфатени во платформата не може да се реализираат доколку нема разбирање од македонскот факор во целина. Во дел од прашањата потребни се уставни измени, за што е потребно двотретинско мозинство од гласовите во Парламентот а новосоздаденото мнозинство ги нема, констатира албанскиот минстер за надворешни работи, Дитмир Бушати.
Ново на Сител
-
Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД
-
Еминем преку видеоспот објави дека ќе стане дедо
-
Подарок од срце за Светскиот ден на животните: dm донираше 678 килограми храна на три скопски прифатилишта за кучиња
-
Таравари вети вработување на половина од средно медицинскиот персонал што работи со договор на дело
-
Коцевска: Нема потреба од носење на Закон за амнестија, треба поголема примена на условниот отпуст со заштитен надзор
-
Расчистени повеќе диви депонии во општините Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир
-
Кликс: Најмалку 10 лица загинаа во поплавите во БиХ, побарана помош од Оружените сили
-
Македонски државјанин уапсен во Косово при обид заедно со други две лица со трактор нелегално да ја премине границата