Бурата Ејлен предизвика проблеми и штети во делови од Велика Британија

Бурата Ејлен проследена со мошне силни ветрови од над 120 километри на час, погоди делови од Велика Британија, предизвикувајќи прекин во снабдувањето со електрична енергија и го отежна сообраќајот.
Најтешко се погодени делови од Велс, централните делови на англиски Мидлендс, како и делови од северна Англија.
Само во Велс, повеќе од 60.000 домаќинства останаа без струја, а проблеми со електроснабдувањето има и во северозападните делови од Англија.
Голем број патишта се затворени за сообраќај, блокирани од соборените стебла, а проблеми има и во локалниот железнички сообраќај.
Железничките компании соопштија дека неколку патни правци денеска се затворени за сообраќај, затоа што на пругите има гранки од соборени дрвја. Таму каде нема такви проблеми, возовите се движат со намалена брзина поради силниот ветер.
Полицијата ги предупреди возачите на автопатиштата, во делови од земјата погодени од бурата Ејлен да возат максимално внимателно.
Тоа посебно се однесува за камионџиите и мотоциклистите, како и возачите на автомобили со приколки, затоа што силниот ветер може да предизвика тие да се превртат.
Метеоролозите објаснуваат дека бурата во Велика Британија доаѓа од реонот на Атлантикот и дека сега се очекуваат силни и обилни врнежи од дожд.
Специјалните служби ја надгледуваат ситуацијата со невремето и го предупредуваат населението од опасноста од поплави.
Засега нема извештаи дека силната бура предизвикала човечки жртви, или повредила луѓе.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
