Бундестагот ги засилува бебзедносните мерки по упадот на Капитол
По упадот во зградата на Конгресот на САД, германските власти наредија зајакнување на заштитата на зградата на Рајхстагот во Берлин, јавија германските медиуми.
– Покраинската полиција во Берлин нареди зголемување на присуството на силите околу зградата на Рајхстагот, рече претседателот на Бундестагот Волфганг Шојбле во писмото до пратениците, според Билд ам Зонтаг. Понатаму се наведува дека Шојбле побарал од Стејт департментот да ги процени настаните во Вашингтон, каде приврзаниците на актуелниот претседател Доналд Трамп насилно упаднаа во зградата на Конгресот.
– Со федералните власти и сојузната држава Берлин ќе процениме дали овие настани во Вашингтон имаат влијание врз безбедноста на Бундестагот, се вели во писмото што во четвртокот го испратил претседателот на германскиот Парламент до пратениците.
Во својата прва реакција на настаните во Вашингтон, германската канцеларка Ангела Меркел изрази страв дека овие немири можат да влијаат врз истомислениците ширум светот. Во август, десетици екстремни демонстранти се обидоа да упаднат во зградата на Рајхстагот, каде што заседава германскиот Бундестаг, за време на протестите на противниците на владините мерки против ширењето на пандемијата.
Ново на Сител
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани