-->
-->
Бундес лига: Само една победа на гостинските екипи
-->

Во фудбалскиот шампионат на Германија, попладнево се одиграа пет натпревари на кои дури четири завршија со победа на домаќините, а само една со триумф на гостинскиот тим.
Честа на гостите ја спаси екипата на Борусија Менхенгладбах која во Келн го совлада истоимениот домашен тим со 3-2.
На средбите каде победија домашните тимови беа постигнати овие резултати: Фрајбург – Мајнц 1-0, Хамбургер – Хофенхајм 2-1, Лајпциг - Баер Леверкузен 1-0 и Шалке – Волфсбург 4-1.
Денешната програма ќе биде комплетирано со големото дерби во Бундес лигата во кое Баерн во Минхен ќе ја пречека екипата на Борусија од Дортмунд.
Иако по 27 одиграни кола Баварците се на лидерската позиција на табелата со дури 15 бодови повеќе од „Милионерите“ кои се четврти, сепак секоја пресметка меѓу Баерн и Борусија Дортмунд е големо дерби во германскиот шампионат. Така ќе биде и овојпат на „Алијанц Арената“ во дуелот кој ќе биде последен од денешната програма, а кој ќе започне од 18 часот и 30 минути.
За утре закажани се последните две средби, Херта – Аугсбург и Инголштат – Дармштат, додека во воведниот меч од ова коло кој се одигра синоќа Ајнтрахт и Вердер играа без победник 2-2.
Табела: Баерн Минхен 65 бодови, Лајпциг 58, Хофенхајм 51, Борусија Дортмунд 50, Фрајбург 41, Келн 40, Херта 40, Борусија Менхенгладбах 39, ...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
-

Браун: Кризата со лидерството на Стармер е „сериозна“
-

Жител на кавадаречко Возарци возел без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Три лица завршија во притвор: Кроеле план за одмазда на нивните браќа кои биле осудени за тероризам
-

Кумановци одбележуваат 82 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош
-

Измамена 76-годишна жена од Битола за 7 000 евра
-

Ѓорѓиевски: Скопје добива нов лик, интензивно се работи на клучката кај „Момин Поток“ и на „Љубљанска“
-

Арагчи: Иран би можел да нападне американски бази како одговор на потенцијален напад
