Бугарското МНР бара ефикасна истрага и спроведување на правдата за случајот со повредениот навивач на Левски
Министерството за надворешни работи на Бугарија вечерва соопшти дека остро ги осудува инцидентите од 27 јули 2023 година во Скопје, во кои беа повредени бугарски државјани, приврзаници на ПФК „Левски“, а еден од нив беше тешко повреден.
Во соопштението се наведува дека повредениот бугарски државјанин во моментов е во стабилна, но тешка општа состојба и се опоравува по операција во болница во Скопје. Претставници на бугарската амбасада се во постојан контакт со повредениот и неговите блиски, како и со локалните здравствени власти.
-Изразуваме жалење што позитивниот и спортски дух на натпреварот помеѓу ПФК „Левски“ и ФК „Шкупи“ беше нарушен со акти на агресија надвор од фудбалскиот терен. Очекуваме надлежните органи во Република Северна Македонија да ги преземат неопходните дејства за ефикасна истрага и спроведување на правдата во врска со сериозниот инцидент, посочуваат од бугарското Министерство за надворешни работи.
Од таму уште еднаш ја нагласуваат, како што се посочува, „клучната важност од преземање ефективни мерки за спречување на вакви акти на агресија и гарантирање на безбедноста на сите граѓани“.
Ново на Сител
-
Работодавачите не прифаќаат минимална плата од 30 илјади денари
-
15.000 жалби за превисоки сметки за струја: За в четврток најавен протест на жителите на Сингелиќ и Арачиново
-
Одложено судењето за сообраќајката во која загина Теодора Ристовска, обвинетиот бил во болница
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
СДСМ: Власта да ги прифати нашите предлози
-
Граѓаните да не наседнуваат на измамите по телефон
-
Инвестиција од 300 милиони евра за изградба на соларен парк „Стипион“
-
Се зголемува бројот на пациентки со рак на дојка