Бугарско обвинителство: Имало три туби кои не биле полни и не се запалиле
Бугарското обвинителство води истрага и во тек се распити поврзани со автобуската несреќа близу Боснек.
„До овој момент нема ниту еден очевидец, а по медиумите ги има по 15-20 лица. Затоа сакаме објективно и коректно да ве информираме, за истрагата до овој момент. Направен а распит на двајца патници кои се во болница, кои дадоа релевантни информации, и биле будни во моментот на несреќата. Сега се прави распит уште на двајца патници. Аутопсијата е завршена и покажа дека сите загинале од задушување од пожарот во автобусот. Во моментот на пожарот, тие биле живи. Работиме со најдобрите можни авто-техничарски експерти. До сега и од нив добивме стручни мислења. Се консултиравме со пожаро-технички експерти, кои треба да дадат одговор зошто настанал пожарот. Главниот обвинител на Бугарија утре заедно со екипа, ќе одат во Скопје, каде ќе побараат меѓународна правна помош. Со ДНК ќе се идентификуваат жртвите, за да се вратат телата на семејствата и да се погребат на достоен начин“, кажаа од бугарското обвинителство.
Според нив, за тубите со гориво за кои се зборува во јавноста, може да се каже дека биле празни и дека веројатно не се причината поради која дошло до оваа несреќа.
Бугарското обвинителство засега се сомнева на човечка грешка, предизвикана поради лошата сигнализација и изведба на патот токму на таа делница, но истрагата не е готова и продолжува понатаму, со цел да се разјасни големата трагедија.
Ново на Сител
-

Шкотски музеи ги отстрануваат мумиите бидејќи „покојните не дале согласност“ да бидат изложени
-

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - продолжува најголемата еко-акција досега
-

САД потрошиле над 47 милијарди долари за војната против Иран
-

Промоција на мобилната апликација „м.Услуги“ за пристап до електронски услуги и дигитални документи
-

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час
-

Сител дознава: МВР уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров
-

Срдановиќ ги најави следните чекори: Членство во ЕУ, закон за лустрација и дијалог за Косово согласно Уставот на Србија
-

Ѓорѓиевски: Редовна акција за темелно чистење на плоштадот „Македонија“, повторно оживува и подната фонтана
