Бугарскиот претседател Радев и потпретседателката Јотова денеска ќе положат заклетва за вториот мандат
– Бугарскиот претседател Румен Радев и потпретседателката Илијана Јотова денеска ќе положат заклетва за својот втор мандат пред Народното собрание. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на церемонијата се поканети премиерот Кирил Петков, членовите на бугарската Влада, членови на Уставниот суд, странски дипломати, на регистрираните вероисоповеди во Бугарија, како и претходните претседатели на земјата и претседатели на Народното собрание.
По полагањето заклетва, претседателот Радев ќе има обраќање кон народот и до Народното собрание.
Во програмата е предвидено бугарскиот патријарх Неофит во Патријаршискиот соборен храм „Св. Александар Невски“ да ги пречека претседателот Радев и потпретседателката Јотова и по повод нивното стапување на должноста да оддржи свечен молебден, а шефот на државата ќе го поздрави и со свечен говор, со желби за милосрдна Божја поддршка за негово мирно и плодотворно служње на бугарскиот народ.
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
