-->
-->
Бугарскиот патријарх се огласи по барањето на МПЦ
-->
Посетата на бугарскиот претседател Румен Радев и двајца митрополити на БПЦ на Македонија и Бигорскиот манастир, патријархот Неофит го оценува како „радосна вест“.Кога ќе треба да ја исполниме должноста, тоа и ќе го направиме, изјави бугарскиот патријарх Неофит за Бгнес, во врска барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија до Бугарската православна црква да и биде црква-мајка и да се бори за нејзината автокефалност.
Посетата на бугарскиот претседател Румен Радев и двајца митрополити на БПЦ на Македонија и Бигорскиот манастир, патријархот Неофит го оценува како „радосна вест“.
На прашањето дали по топлиот пречек, наскоро може да се очекува заедничко сослужение меѓу БПЦ и МПЦ-ОА, патријархот Неофит вели дека „тоа што се случи е радосно, но оти деталите ќе се разгледуваат во иднина во меѓуцрковните односи“.
– Кога ќе биде неопходно, кога ќе треба да се исполни должноста, тоа ќе го направиме, изјави Неофит одговарајќи на прашање дали наскоро ќе ја посети Македонија, откако покана му упати поглаварот на МПЦ архиепископот г.г. Стефан.
Претседателот Румен Радев, потсетува Бгнес, заедно со пловдивскиот владика Николај и старозагоскиот Кипријан, изминатиот викенд беа пречекани со биење на камбани и мноштво народ во најголемиот македонски манастир – Бигорскиот. Тоа беше и прва посета на некој странски претседател на Бигорската обител. Пред да го посетат манастирот, двајцата бугарски митрополити имаа средба со поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. (МИА)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
