Македонија
21. January 2018 - 16:19

Бугарскиот патријарх Неофит: Имаме консезус за иднината на МПЦ-ОА

Имаме консензус за главните прашања поврзани со иднината, изјави патријархот Неофит одговарајќи на прашањето што може да се очекува во однос на приближувањето меѓу Бугарската православна црква и Македонската православна црква-Охридска архиепископија. Тој вели дека во овие моменти е најважно да се одржи добриот тон.

„Претстојат интензивни средби и разговори. Се обидуваме да се ислушаме со внимание, да го одржиме добриот тон, да се сретнеме со архиереите и со луѓето од кои зависи придвижувањето на ова прашање. Фала му на Бога дека имаме консензус за главните прашања на претстоечкото единство".

Оваа година се навршуваат 1.000 години од основањето на Охридската архиепископија. Прашан дали ќе учествува на претстојните прослави по тој повод, патријархот Неофит вели дека ќе размисли како БПЦ ќе го одбележи овој датум, но дека секогаш ќе се стреми да му служи на Христовата љубов и мир.

МПЦ – Охридска архиепископија во ноември минатата година побара бугарската православна црква да и биде црква мајка, доколку ја признаат афтокефалноста на МПЦ-ОА. Во декмеври и поглаварот на МПЦ ГГ Стефан беше во посета на Софија, на ненајавена средба со патријархот Неофит. Според пишувањата на бугарските медиуми, тогаш потвдил дека писмото е едногласно прифатено од Синодот од МПЦ.

Патријархот Неофит, пак, на 7 јануари се сретна со вселенскиот патријарх Вартоломеј, со кој отслужија литургија во обновениот храм „Свети Стефан" во Истанбул. Бугарските медиуми тогаш инафомираа дека во нивните разговори била овторена и темата за автокефалноста на МПЦ – ОА.

Според најавите се очекува наскоро нова средба на комисиите меѓу МПЦ И БПЦ.