Бугарскиот амбасадор уверува дека притисокот врз Бугарија не е возможен
Никој не може да изврши притисок врз разговорите помеѓу Македонија и Бугарија, па ниту претседателот на САД, смета бугарсиот амбасадор во Македонија Ангел Ангелов. Според него, Бугарија само си ги штити националните интереси, а вршењето притисок е илузорно.
„Не гледам кој може да ја притисне Бугарија да си ги заштити националните интереси. Тоа е илузорно“, вели Ангел Ангелов – Амбасадор на Република Бугарија.
За таканаречениот патоказ вели дека нема ништо штетно ниту пак спорно. Разговорите биле во тек и тоа не било никаква тајна.
„Ништо нема штетно. Течат разговорите и тоа за никого не е тајна. Ние работиме се за да можеме да стасаме до некаков позитивен исход, евентуално до 22 втори“, вели Ангелов.
Документот за преговарачката рамка по која се одвиваат разговорите помеѓу Македонија и Бугарија беше причина и за протестите кои опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги започна пред неколку дена низ повеќе градови од државата. Тие од македонските власти бараат увид во документот и откривање на неговата содржина.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар