Фудбал
3. јуни 2016 - 14:51

Бугарски резил, загубија од Јапонија со 7-2

Репрезентацијата на Бугарија доживеа вистинска хаварија на традиционалниот „Кирин куп“ од домашната селекција на Јапонија откако се поразени со 7-2 што е еден од најтешките порази на нашиот источен сосед. 

„Самураите“ предводени од селекторот Вахид Халилхоџиќ играа како во транс и предводени од Кагава и Јошида дојдоа до убедливо водство  од 6-0 во 57-та минута. 
Следуваа два гола за Бугарија за да на крајот  Јапонија со уште еден гол ја „потопи“ Бугарија.