Бугарски интелектуалци со порака од Скопје: Време е да се прифати вистината за депортација на Евреите
Со порака ние се сеќаваме, група бугарски интелектуалци од Клубот на македонско – бугарско пријателство , во Скопје оддадоа почит на 7000 депортирани македонски Евреи во логорот на смртта, Треблинка.
На 80-годипнината од холокаустот, испратија порака до бугарските институции дека треба да се прифати вистината за бугарското учество во депортацијата и да се признае одговорност.
Сепак не успеаја да влезат во Тутунскиот комбинат , местото од каде македонските евреи тргнаа на последното животно патување, бидејќи не испратиле официјално барање за посета.
Доаѓањето во Скопје го искористија и да оддадат почит на македонскиот револуционер Гице Делчев, поклонувајќи се пред неговото вечно почивалиште во црквата Св. Спас во пресрет на 4 мај, денот од смртта на учителот. Порачаа дека наместо омраза и меѓусебни обвинувања, треба да се градат мостови на пријателство и соработка.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар