Loading Video...
Македонија
5. March 2021 - 21:16

Бугарски амбасадор во Грција за двојните аршини на Софија

Бугарскиот став за ревизија на македонските учебници по историја не е принципиелен бидејќи истиот проблем Софија го има и со Атина, но молчи, вели поранешниот aмбасадор на Бугарија во Грција Стефан Стојанов. Тој наведува низа спорни точки во грчките учебници за средно образование, спротивни на бугарската историографија. Така, грчките средношколци учат дека во Втората светска војна Бугарија била окупатор кој вршел злосторства во Северна Грција, а браќата Кирил и Методиј се претставени како Грци.

Софија, само еднаш, во 1982 година, смогнала сили да се побуни против ваквите грчки интерпетации, но без успех. Сега со притисокот врз Скопје, Бугарија ризикува да и се повтори 1913 година, период на изолација и губитништво, вели Стојанов. Како да им објасниме на Рикер, ЦИА и земјите во ЕУ дека македонскиот јазик е дијалект, а македонското малцинство дека не постои, прашува екс амбасадорот.

Според Стојанов, спорот со Македонија  не само што го намалува авторитетот на Бугарија, туку и ја истиснува од регионот, оставајќи простор за Грција и Србија.Тој смета дека по изборите, Софија треба да сврти нов лист, да го остави настрана историскиот патриотизам и да посвети на градење инфраструктурни проекти кои реално би ја поврзале со Македонија.