Балкан
29. July 2016 - 15:03

Бугарската железница предупредува: Немојте да бркате Покемони околу пругите

Бугарската државна железница (БДЖ) упати предупредување до играчите на „Покемон Гоу“ при ловот на Покемони да се држат подалеку од пругите.

Ширум светот досега се регистирани голем број случаи на лица кои се повредиле, а некои дури и ги загубија животите, додека гледајќи во мобилните телефони при потрагата по Покемони, не воделе сметка за опасностите што ги демнат.

Од тие причини, БДЖ ги предупредува играчите дека „потргата по Покемнои околу железничките пруги не е безбедна“, затоа што возовите неможат одденаш да закочат ако пред нив на шитите се појават поединец или група лица занесени во „Покемон Гоу“.