Македонија
12. December 2019 - 16:55

Бугарската академија на науки утврдила дека македонскиот јазик не постои и е дијалект на бугарскиот

БАН го обвини МАНУ за конструирање на историски и јазични аргументи во заштита на официјалниот книжовен јазик кои велат дека во Скопје се нарекува македонски.

Академиците во Софија, по усвоената повелба за македонскиот јазик во академијата во Скопје, побарале став и од институтот за бугарски јазик, Кирило-методиевскиот научен центар и Институтот за историски истражувања и заклучиле дека ставовите на МАНУ се неточни и неприфатливи.

Позицијата на БАН останува единствена и непроменета – официјалниот јазик во РСМ е писмено – регионална норма на бугарскиот јазик, заклучило собранието на БАН.

Од БАН за ваквиот став ги известиле и сите државни институции, а допис испратиле и до Народното собрание во Софија.

Од утрово бугарските академици, како што е наведено во соопштението започнаа својата вистина да ја шират и по медиумите, а како што најавуваат тоа ќе го прават и надвор од границите на матичната земја.

Од 1979 јасно е за БАН дека тој јазик е регионална норма на бугарскиот јазик. Тоа е можно како што во Австрија се зборува австро-германски. Сепак треба да се држиме кон историската вистина и ние настојуваме на тоа, вели Васил Николов потпретседател на БАН.

По договорот од Преспа кога требаше да се остави античкото минато сега се барааат други нелогични корени на тој јазик. Може да зборат што сакаат но до 41 историјата е една и иста и така треба да ја дефинираме, вели Ана Кочева од институтот за бугарски јазик при БАН.

Од БАН ги поддржуваат и веќе утврдените црвени линии кој Бугарија ги постави како услов за поддршка на македонските евроинтеграции.