Бугарин тргнал кон Србија преку Табановце, македонската полиција му откри бункер во „пежото“, еве што најде внатре

Одреден е 30-дневен притвор за бугарски државјанин во чиј автомобил ноќеска на ГП „Табановце“ за излез од Македонија се пронајдени 17,6 килограми марихуана, наменета за продажба.
Основното јавно обвинителство Куманово постапувајќи по поднесената кривична пријава донесе наредба за спроведување на истражна постапка против бугарскиот државјанин за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ од чл.215 став 1 од КЗ.
Како што информираат од Јавното обвинителство, вчера во 00:15 часот, на ГП „Табановце“, на излез од Македонија, за влез во Србија при контрола на патничко моторно возило „Пежо” 807 со бугарски регистарски таблички бил откриен бункер со 71 пакетче марихуана. Бункерот бил направен во подот на возилото до задните седишта. Марихуаната со вкупно нето маса од 17.665,5 грама, била спакувана во растителен материјал и полиетиленска вакуум кеса обвиткана со транспарентна растеглива фолија. Осомничениот дрогата ја пренесувал заради продажба.
- Имајќи ги предвид околностите, како и тежината на кривичното дело и предвидената казна, надлежниот јавен обвинител оцени дека се исполнети условите за определување мерка притвор од член 165 став 1 т.1 и 3 од Законот за кривична постапка. Од тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово поднесен е Предлог за определување мерка притвор која е прифатена и со Решение на осомничениот му е изречен притвор во траење од 30 дена, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Зеленски: Русија се повеќе ја чувствува војната на своја територија
-

Цените на нафтата растат откако Иран постави услови за повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Младенов: Отфрлениот план од Нетанјаху за Газа е „единствениот пат по кој треба да се оди“
-

Тебас: За мене, времето на Инфантино е одамна поминато
-

Нискиот водостој се заканува да ја прекине пловидбата по Рајна и да ја подели реката на два дела
-

Американски Ф-16 пресретнаа два авиона над голф-клубот на Трамп во Њу Џерси
-

Коперник: Западна Европа забележа рекордни температури во јуни и јули
-

Под контрола пожарот кај Крива Паланка, останатите се изгаснати
