Македонија
28. September 2018 - 11:34

Бугарин со џип прегази пешак во Велес

Вчера во 11,45 часот било пријавено дека во Велес на улица „Илинденска“ патничко моторно возило “Џип Компас“ со бугарски национални ознаки, управувано од Д.К.(62) од Велес, удрило во пешакот И.Ѓ.(88) од Велес.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот.