Бугарија пред изборите се соочува со купување гласови

Премиерот на Бугарија, Андреј Ѓуров денеска изјави дека Министерството за внатрешни работи досега заплени еден милион евра во операција против купување гласови на претстојните вонредни парламентарни избори, што се одржуваат на 19 април.
Додека генералниот секретар на МВР, Георги Кандев изјави дека купувањето гласови ќе биде во фокусот на полицијата, дури и по изборите.
Тој го извести привремениот премиер Ѓуров дека досега пристигнале 1.740 пријави за нерегуларности поврзани со изборите, додека на изборите во 2024 година имало 418 поплаки.
Бугарскиот министер за внатрешни работи Емил Дечев денеска изјави дека има информации дека се подготвува поголема количина фалсификувани евра за купување на гласови. Но, тој не наведе износ.
Според него, шемите за купување гласови се многу имагинативни и креативни, тие дури вклучуваат и фризерски салони или отпис на долгови.
Изборите се организирани откако владата на премиерот Росен Жељазков во декември минатата година поднесе оставка по масовните протести. Во јануари не успеаја обидите за формирање влада.
Изборите в недела се осми во изминатите пет години. Граѓаните треба да изберат 240 пратеници. На изборите учествуваат 14 партии, десет коалиции и еден независен кандидат.
МИА
Ново на Сител
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
