Балкан
9. December 2015 - 14:17

Бугарија и Романија ја продлабочат соработката во нуклеарната безбедност

Бугарската Влада денеска го одобри Предлог-договор за соаработка меѓу Агенција за нуклеарна регулациј на Бугарија и Националната комисија за контрола на нуклеарните активности на Романија, јави БТА.

Како што соопшти од прес-службата на бугарската Влада, со договорот се предвидува размена на технички информации и соработка при регулирањето и контролата на нуклеарната безбедност и заштитата од радијација.

Документот има за цел на го продлабочи партнерството меѓу регулаторните тела на двете земји и да ја поттикни нивната меѓусебна соработка.