-->
-->
Бугарија го забранува купувањето на државјанство
-->
Бугарија планира да го укине законот со кој се дозволува „купување“ на бугарско државјанство преку инвестирање во земјата, соопшти бугарското Министерство за правда, истакнувајќи дека ваквиот закон не донел значајна економска корист за државата, објави британски „Телеграф“, а пренесува агенцијата „Танјуг“.Овие законски измени следуваат по извештајот на Европската комисија со кој се предушредува Бугарија дека законот им овозможува на странските организирани криминални групи да се инфилтрираат во Европската унија и го зголемува ризикот од перење пари, корупција и даночно затајување.
Бугарија е една од трите земји на Европската унија, покрај Кипар и Малта, која сега им дава државјанство на странски инвеститори.
Дваесет земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ги и овие три, исто така продаваат дозволи за постојан престој.
Во Бугарија, странците може да добијат пасош кој ги отвора вратите за повеќето земји на Европската унија, за инвестиции во висина од 1 до 2 милиона лева, односно од 500.000 до 1 милион евра.
Бугарското Министерство за правда соопшти дека од 2013 година до денес само 50 странци од Русија, Египет, Израел и Пакистан добиле пасоши врз основа на овој закон.
Законските измени, како што е наведено во соопштението на министерството, ќе ги зајакнат контролите и правилата за доделување на државјанство и на лица со бугарска етничка припадност.
Во октомври минатата година, бугарските обвинители обвинија висок државен службеник за измама со документи за кои велат дека на странците им овозможиле да добијат бугарски пасоши и слободно патување во ЕУ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична за екс градоначалник на Чашка
-

Македонец во Белград запалил пицерија поради отказ и им праќал видео на газдите
-

Заврши судскиот претрес за четворица турски државјани обвинети за помагање при извршување на убиство во кафуле во Штип
-

Стивнува грипот во Куманово
-

МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластувањето
-

Приведени 10 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило
-

Лига Нации: Македонските фудбалери на стартот дома со Швајцарија, на крајот дома Словенија
-

Три пријави за физички напади врз партнерки пријавени на скопската територија
