Бугарија бара гаранции за нејзините услови во преговарачката рамка - сепак се остава можност за решение
Бугарија ја извести Европската комисија дека не е во можност да ја прифати предложената преговарачка рамка за Република Македонија и нацрт-декларацијата, бидејќи не ги даваат потребните гаранции за исполнување на бугарските услови, соопшти Министерството за надворешни работи во Софија.
– За Бугарија е неприфатливо нејзините услови за Република Македонија да бидат поставени во декларацијата на Советот на ЕУ, што ја придружува рамката за преговори. Декларацијата на Советот не е правно обврзувачки инструмент и не ги дава правните гаранции што ги бара Бугарија. Ние би имале такви гаранции доколку нашите барања се рефлектираат во текстот на рамката за преговори, на што инсистираме, велат од бугарското МНР.
Сепак, Софија смета дека и покрај кратките рокови решение може да се постигне.
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?