Бугајски: Амбицијата на Путин во Црна Гора ќе биде блокирана
Напорите на Москва да ја дестабилизира Црна Гора, или која било друга членка на Алијансата, и влијаат на нејзината надворешнополитичка ориентација ќе бидат осуетени, иако рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови статусот на голема сила и на просторите на Источна Европа да го наметне своето влијание, изјави за „Побједа“ американскиот аналитичар Јануш Бугајски.
Тој вели дека амбициите на Путин се блокирани кога станува збор за полноправна членка на Алијансата.
Овој истражувач од вашингтонскиот Центар за анализа на европската политичка криза вели дека НАТО е најефикасното средство против руската закана.
- Москва континуирано произведува дезинформации за НАТО, со цел да ја прикрие својата експанзионистичка политика во Источна Европа. Сепак, зад оваа пропагандна офанзива е вистински страв дека Северноатлантскиот сојуз ќе ги осуети амбициите на Кремљ и ќе го ослаби режимот на рускиот претседател Владимир Путин, вели Бугајски.
Тој потсетува дека Русија се обиде да се придружи на западните институции во текот на 1990 година, но беше одбиена.
- Всушност, Руската Федерација не ги исполни основните стандарди ниту за ЕУ ниту за членство во НАТО, без разлика дали е поврзано за правна држава, демократското владеење, воената реформа или агресивниот став кон соседите. Руските официјални претставници, исто така, тврдат дека НАТО ги заробува посткомунистичките држави и се заканува на границите на Русија. Во реалноста, се е поинаку- НАТО проширувањето во текот на изминатите 20 години беше доброволен процес покренат од страна на секоја држава претендент. Тоа не создаде непријателство долж западната граница на Русија, туку напротив - подобрување на односите меѓу новите членки на НАТО и намален страв од напад на Кремљ, вели американскиот аналитичар.
Бугајски, пишува овој подгорички весник, предупредува дека црногорската и сите останати влади во регионот мораат блиску да соработуваат со САД и Европска унија низ ефикасна регионална стратегија во чии рамки разузнавачите мораат да соработуваат и делат информации, заеднички да работат во доменот на кибер безбедноста, против корупцијата и контрола на банкарските сметки.
- Институциите мораат да ги разоткријат партиите, фирмите, невладините организации и медиумите кои блиску соработуваат со Кремљ. Секако, обрнувам внимание, бидејќи често слушам, да не користиме израз Руси, оти на тој начин само и одиме во прилог на реториката на Путин дека сме русофоби, што не е точно. Мораме да знаеме за кого зборуваме, тоа се агентите на Кремљ - професионалци и нивни помагачи. Тоа не е рускиот народ, објаснува Бугајски.
Истражувачот од вашингтонскиот Центар за анализа на европската политика наведува дека интеграцијата на регионот во ЕУ и НАТО може да се постигне во текот на наредните десет години.
- ЕУ можеби не е идеална структура за оние кои се веќе членки, но за државите аспиранти обезбедува економски и политички просперитет. Тврдам дека за регионот Западен Балкан овој пат нема алтернатива. Алтернативата е изолација, уште поголеми несигурност и судири, вели американскиот аналитичар, пренесува „Побједа“.
Ново на Сител
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот