Будимпешта се откажа од кандидатура за ЛОИ 2024

Унгарскиот главен град Будимпешта се повлече од трката за домаќин за Олимписките игри 2024 година, соопшти во среда унгарската влада.
Будимпешта, Лос Анџелес и Париз беа единствени кандидати за домаќини на ОИ 2024 година, а сега во септември Меѓународниот олимписки комитет ќе решава меѓу француската престолнина и калифорнискиот велеград.
Одлуката за повлекување на кандидатурата на Будимпешта ја донеле унгарскиот премиер Виктор Орбан, градоначалникот Иштван Тарлос и претставници на Унгарскиот олимписки комитет, кои итно се состанале по веста дека противниците на кандидатурата собрале преку 250.000 потписи, што е повеќе од доволно за референдум.
На Будимпешта и се даваа најмалку шанси за победа, не само заради негодувањето на јавноста, туку и заради фактот дека Унгарците би морале да изградат повеќе од половина од спортските објекти.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Додека светот стравува од инфлација, власта уверува – состојбата не е загрижувачка
-

Светски технолошки конгрес
-

Линеарното покачување на пензиите останува во сила
-

60 проценти од населението во Македонија се со зголемена телесна тежина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Врските на Заев и Филипче со политиките на Путин
-

СДСМ: Toшковски да поднесе оставка
-

250 анкетни листови од кочанчани против бетонизација кај „Панаѓурот“
