-->
-->
Бубрезите и коските од донорот на срцето ќе се трансплантираат кај пациенти кои имаат потреба од нив
-->
Пациентот кој денеска го прими срцето од донор е на возраст од 22 години и има сериозно заболување кое го оштетува срцето, соопштија од Министерството за здравство. Од починатата девојка донор наредните денови ќе се трансплантираат и бубрезите како и коски за пациенти со тешки фрактури кои немале можност да стават протези и карциноми кои им ги оштетиле коските.
Претходно министерот за здравство Венко Филипче за МИА изјави дека трансплантацијата поминала успешно и дека пациентот постепено се буди.
-Два бубрега од донорот денеска ќе бидат трансплантирани кај пациенти кои со години се на дијализа. В понеделник наутро коската со метастази на пациент кој се лекува на Клиниката за ортопедија ќе биде заменета со здрава коска од починатата девојка. Уште десетина пациенти кои боледуваат од карцином кој им ги оштетил коските и пациенти со тешки фрактури кај кои нема можност да се стават протези ќе добијат заменски коски од починатиот донор. Ова е прва ваква експлантација направена во земјава, се наведува во соопштието од Министерството.
Тие упатуваат голема благодарност до семејството на починатата пациентка кое се согласи да ги донира органите на својата ќерка. Огромна е жалоста за загубата на младата пациентка, но голема е утехата дека нејзиниот живот ќе продолжи преку неколку други.
Тимот кој учествуваше во оваа комплексна операција е од некоку кардиохируршки центри. Според МЗ, тие уште еднаш ни докажаа дека нашиот систем располага со тим на хирурзи кој функционира беспрекорно.
Во процесот на трансплантација учествуваа доктори од клиниките за КАРИЛ, Урологија, Кардиохирургија, Ортопедија, Нефрологија, Радиологија, Кардиологија, Рентген институот, Клиниката Жан Митрев и Аџибадем Систина.
-Благодарни сме на сите лекари кои учествуваат во постапката на утврдување на мозочна смрт, во експлантација и во трансплантацијата на органи, како и на сите оние кои логистички ја поддржаа постапката, истакнуваат од Министерството за здравство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера