-->
-->
Буба Корели осуден на една година затвор
-->

Раперот Алмир Хоџиќ, попознат како Буба Корели и Алмир Бозалија се осудени на една година затвор за неовластено производство и трговија со опојни дроги.
Пресудата беше изречена од Кантонскиот суд во Сараево, врз основа на обвинителниот акт што ги товари за набавка и продажба на хашиш, амфетамини и канабис во Сараевскиот Кантон од 2014 до јуни 2015 година.
Според босанските медиуми, обвинетите ја чувале дрогата во станови, деловни простории, куќи и автомобили, по што ја препакувале во помали пакувања за улична продажба.
Алмир Хоџиќ беше во притвор од јуни 2015 до февруари 2016 година, додека Алмир Бозалија беше притворен од јуни 2015 до јануари 2016 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
-

Од Дубаи екстрадиран 33-годишен бегалец по потерница на македонската полиција
-

Рама: Одборот за мир би можел да ги „размрда“ ОН на акција
