Брзо решавање на проблемот со дивоградбата кај Мавровка, најави Заев
Премиерот Зоран Заев најави дека Владата наскоро ќе донесе одлуки согласно кои ќе може да се реши проблемот со дивоградбата која се гради кај Мавровка во Скопје.
-Денеска заедно со правните служби ги разгледавме сите модалитети на многу прашања, а едно од нив е и објектот кај Мавровка, проблем кој пркоси во центарот на Македонија и Скопје и еден пркос за кој со право граѓаните реагираа. Денеска ќе донесеме конкретни одлуки не би сакал однапред да ги кажам бидејќи одлуки носи Владата, а не премиерот, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по настанот за одбележување една година од работењето на Агенцијата за национална безбедност.
Во деталите на самите одлуки, појасни премиерот Заев, се оформени правните постаки за тоа како треба Владата да пристапи во испорачувањето помош за една локална самоуправа, а во случајот тоа е општина Чаир.
-Општина Чаир има записник и решение, но нема компанија да го изврши решението односно да ги спроведе работите за остранување на објектот кој не е согласно законска документација. Штом ќе ја донесеме одлуката ќе ја објавиме и верувам дека многу брзо ќе почнат активностите на терен за да се справиме со ова незаконско дејание што ни се случува дрско пред очите на целата јавност, истакна Заев.
Ново на Сител
-
ДУИ чека преговори за Влада - Џафери одбива да говори за опозиција
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот Беласица: 37 годишникот е веќе во затвор
-
Мерка на претпазливост, редовно јавување во суд за обвинетите за распределба на спортски ваучери
-
Џунглата во дворот на Владата ги скара Џафери и Арсовска
-
Не запира одливот на медицински сестри од јавното здравство
-
Трибина: Состојбите во современиот македонски јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Џафери со отчет за мандатот како технички премиер