Македонија
23. December 2021 - 19:59

Брзо или внимателно решение со Бугарија?

Различни сигнали доагаат од Водно и Илинденска во врска со итноста на решавањето на спорот со Бугарија. Пендаровски во годишното обракање пред пратениците порача да не се брза по секоја цена, но извршната власт бара да се искористи позитивниот момент во Софија со новата влада  за да се деблокираат преговорите. Експерите велат дека ваквото разногласие нема да има  влијае врз темпото процесот, кој сепак е во рацете на Бугарија.

И ставовите кои доагаат од Софија се контрадикторни. Премиерот Петков и се залага за прагматичен пристап, додека пак Престедателот Радев не отстапува од национал интересите. Доплнителен провблем е и француското претседавање кое не ветува многу за процесот на проширување, сметаат експерите.

На почетокот на наредната година Софија и Скопје најавија средба на новите премиери на Бугарија и Македонија која би требало да внесе нова енергија во процесот.