Брзиот пораст на заразени со Ковид-19 е резултат на новото дефинирање на вирусот
Брзото зголемување на бројот на нови случаи на Ковид-19 во Кина е резултат на „пошироко дефинирање“ на болеста, кое почна да се применува, соопштија денеска претставници на Светската здравствена организација.
– Новото дефинирање на го проширува бројот на случаи затоа што вклучува не само случаи потврдени во лабораторија, туку и оние клинички дијагностицирани врз основа на симптоми и изложеност, рече портпаролот на СЗО Тарик Јашаревиќ.
Тој додаде дека Светската здравствена организација побарала од Кина дополнителни објаснувања за новото дефинирање на болеста и начинот на известување за епидемијата на коронавирусот.
Здравствените власти на Кина претходно денеска соопштија дека откако почнале да ги користат новите методи за дијагностицирање на болеста бројот на жртви од новиот коронавирус во кинеската провинција Хубеи нагло се зголеми за 242, но нагло порасна и бројот на заразени – за 14.840.
Ова е рекорден број на регистрирани смртни случаи и зарази во еден ден, со што вкупниот број на луѓе кои починале од последици од новиот коронавирус во Кина сега се зголеми на 1.310, а бројот на заразени на 48.206.
Здравствените власти во провинцијата, жариштето на коронавирусот, објавија дека од денеска во билансот ги вклучуваат и луѓето кај кои болеста е дијагностицирана со новите методи.
Провинциската здравствена комисија минатата недела најави дека ќе почне да ги признава резултатите од компјутерска томографија, радиолошки метод на снимање на пациентите, како потврда за инфекцијата, што им овозможува на болниците побрзо да ги изолираат пациентите.
Провинцијата Хубеи претходно ги признаваше само резултатите од тест со рибонуклеинска киселина, кој покажува присуство на вирусот, но потребно е извесно време да се добијат резултати.
Користењето на скенер може брзо да покаже инфекции на белите дробови, така што пациентите ќе можат навреме да почнат со лекување и со тоа да се зголеми и можноста да бидат излекувани.
Ново на Сител
-
Уапсени две лица, возеле мортус пијани
-
Стотици илјади луѓе учествуваа на протестите низ САД против Трамп и Маск
-
ЦУК: Санирани пријавени оштетен мост пред Визбегово и пукната водоводна цевка
-
Протест во Париз против пресудата за Ле Пен
-
САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан
-
Приведено едно лице, по друго се трага, за пукањето објавено на Фејсбук | ВИДЕO
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Тетово
-
„Рацете настрана“: Масовен протест во Вашингтон против политиките на Трамп и Маск