Брзата помош сеела смрт: Медицински работник убивал тешко болни пациенти, причината ќе ве шокира
Италијанската полиција го уапсила работникот од службата за Итна помош, 42-годишниот Давиде Гарофало, кој е осомничен дека убивал тешко болни пациенти во замена за пари, а се во договор со погребално претпријатие поврзано со мафијата.
Полицијата го уапсила работникот во Катанија на Сицилија во рамките на случајот “Итна помош на смртта”.
Овој медицински работник вбризгувал воздух во вените на тројца пациенти, што довело до нивна смрт од емболија, додека биле префрлани дома од болница во градот Бианкавила.
За секој смртен случај работникот добивал по 300 евра. Тој на несреќните семејства им го препорачувал погребалното претпријатие поврзано со мафијата.
Уште двајца работници во Итната помош се под истрага поради слични случаи.
Се верува дека на овој начин биле убиени педесетина луѓе.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
