Свет
16. јуни 2018 - 9:08

Брутално, цела Русија во паника: Исламските терористи се закануваат со досега невиден масакр

Исламската држава упати сериозни закани кон претседателот на Русија Владимир Путин пред само месец дена, а сега испратија закани директно до Москва.

Терористите тогаш му порачаа на Путин „дека ќе ја плати цената за убиствата на муслиманите“ и најавија крвопролевање на Светското првенство во Русија.

Сега стигна и уште пострашно видео.

На тоа виде може да се види како терористите ги покажуваат запалени руските стадиони како закана за Владимир Путин и Русија за неговите воени интервенции во Сирија, заканувајќи се со сите расположиви средства, па дури и со дронови.

Домаќините на Мундијалот веќе истакнаа дека мерките за безбедност се максимални и дека ќе направат се учесниците и посетителите на СП да уживаат во убавините на Русија и големото натпреварување.