Свет
17. December 2015 - 17:40

Брутални тинејџерки: Ја претепале другарката па видеото го објавиле на Интернет

Група тинејџерки брутално претепале другарка откако ја повикале на пижами парти.
 
Снимката покажува како четири девојки со раце и нозе ја тепаат 14-годишната Наоми Џонсон по што ја фрлаат на под, а една тинејџерка сето тоа го снима со својот телефон, по што го објавила видеото на Интернет.
 
Експлицитното 10-минутното видео се појавило и во јавноста по што родителите на Наоми покренале тужба против мајката на една од девојките, која била одговорна за нив.
 
Според судските изјави Деана Киргис била дома, а во нејзината куќа нејзината ќерка заедно со нејзините другарки ја нападнале Наоми и претепале.
 
Киргис не само што не приметила дека нешто чудно се случува во куќата туку дури и им дала алкохол на девојките.
 
Родителите на Наоми ја тужат мајката и бараат од нејзе 100.000 доолари во кои се вклучени трошоците за лечење на Наоми, кои досега платиле околу 45.000 долари вклучувајќи ги и трошоците за домашното школување.
 
"Работите едноставно се сменети. Не одам во школо, не се дружам со старите пријатели", рекла Наоми додека нејзините родители неможеле да ги задржат солзите. 
 
Наоми четири месеци од несреќниот случај не била на училиште. Причината е тоа што насилчниците не се санкционирани и казнети бидејќи видеото не е снимено во кругот на училиштето.
 
Покрај приватната тужба која ја поднел нејзиниот татко, не е поднесена друга тужба. Полицијата моментално истражува, а после тоа ќе може да ги обвини девојките за напад.