Бројот за депортирани мигранти од ЕУ зголемен за 12 отсто на годишно ниво
Во третиот квартал од 2023 година на 107. 135 лица кои не се државјани на членки на ЕУ им се издадени решенија за напуштање на територијата на Унијата, додека во исто време 27.095 „не-Европејци“ биле депортирани од некоја од земјите на блокот.
Според податоците на Европската статистичка агенција – Евростат, во споредба со истиот квартал во 2022 година бројот на издадени решенија на странци за напуштање на ЕУ во периодот јули-септември годинава е намален за четири проценти, додека бројот на депортирани е зголемен за 12 отсто.
Споредено пак со претходниот овогодишен квартал, бројот на издадени решенија за депортација е зголемен за еден отсто, а на депортирани мигранти за два проценти.
Гледано според земјата на потекло, најголем број од странците кои добиле решенија за напуштање на територијата на ЕУ или осум отсто се државјани на Мароко, по што следуваат Сиријците и Алжирците со по седум проценти, Авганистанците со шест и Турците и Грузијците со по пет отсто.
Од бројот на депортирани мигранти, 11 проценти биле државјани на Грузија, по седум отсто на Албанија и Турција и четири проценти граѓани на Молдавија. Најголемиот број решенија за иселување или 29.
885 се издадени во Франција, по што следува Германија со 11. 470 и Грција со 9. 545. Најголемиот број од мигрантите или 4. 100 биле депортирани од Германија, по што следува Шведска со 2.
865 и Франција со 2. 850 протерани државјани на земји што не се членки на ЕУ.
Ново на Сител
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата