Балкан
27. November 2019 - 22:07

Бројот на жртвите од земјотресот во Албанија се зголеми на 32

Бројот на загинатите во силните земјотреси што ја погодија Албанија се зголеми на 32, а повредени се 658 лица, пренесува Албаниан дејли њус.

Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу рече дека здравствената состојба на осуммина повредени е сериозна.

Таа додаде дека двајца од повредените најверојатно ќе бидат префрлени во Италија, додека 32 лица се на интензивна терапија.