Бројот на жртви во поплавите и лизгањата на земјиштето на островот Суматра достигна 248, соопштија локалните власти

Бројот на жртви во поплавите и лизгањата на земјиштето на индонезискиот остров Суматра достигна 248, а се стравува дека бројот ќе се зголеми, соопштија локалните власти.
Некои области на островот се речиси целосно блокирани поради оштетени патишта и прекинати комуникациски линии. Авионите за спасувачки операции доставуваат помош и залихи во тешко погодениот округ Централен Тапанули во покраината Северна Суматра, како и во други области.
Спасувачките операции се отежнати поради оштетените мостови и патишта, како и поради недостигот на тешка опрема.
Националната агенција за управување со катастрофи соопшти дека спасувачите откриле повеќе тела во Западна Суматра, со што бројот на жртви се искачи на 248, а повеќе од 100 души сè уште се водат како исчезнати.
Монсунските дождови во последната недела предизвикаа излевање на реките во покраината Северна Суматра. Поплавите го опустошија планинското село, однесоа илјадници куќи и згради, соопшти Националната агенција за управување со катастрофи. Близу 3.000 семејства кои останаа без своите домови, се евакуирани и им беше обезбедено засолниште од државата.
МИА
Ново на Сител
-

Предизвикувачка година за прилепското стопанство
-

Македонското јаболко се бара во Србија, Бугарија, Чешка, Косово и Албанија
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
