Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија надмина 34.000
Најмалку 29.605 луѓе загинаа во двата разорни земјотреси што ги потресоа јужните региони на Турција во понеделникот, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), јави агенцијата Анадолија.
Според податоците на АФАД, повеќе од 233.000 луѓе се вклучени во акциите за претрага и спасување на теренот.
- Околу 148.000 луѓе досега се евакуирани од регионите погодени од земјотресите, соопшти АФАД.
Турскиот Парламент во четвртокот прогласи тримесечна вонредна состојба за да ги забрза напорите за помош и да го одржи јавниот ред.
Во овие земјотреси што силно ги потресоа и северните делови на Сирија, животот го загубија најмалку 4.574 лица, а над 5.200 се повредени.
Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Турција и северот на Сирија. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.
Ново на Сител
-

Генералниот секретар на ОН побара од САД и Иран да продолжат со мировни преговори
-

Утрово најстудено на Попова Шапка, попладне и во текот на ноќта локални врнежи од дожд
-

Трамп рече дека САД „можеби ќе свратат во Куба“ откако ќе „се справат со Иран“
-

Венс: Тажен сум поради изборниот пораз на Орбан, но САД се подготвени да соработуваат со неговиот наследник
-

Царинската управа ќе одбележи 34 години од основањето
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта локални врнежи од дожд и засилен ветер
-

Маѓар најави дека ќе ги зачува добрите односи со нашата земја
-

Шкендија убедлива со Шкупи, Струга поразена дома од Тиквеш
