ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

Бројот на неухранети деца во Појасот Газа од март годинава е зголемен за три пати, покажуваат податоците на ОН објавени вчера.
Филип Лазарини, шеф на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци-УНРВА (UNRWA), вчера на X внапиша дека „само во градот Газа, речиси една третина од децата се неухранети“.
„Ова не е природна катастрофа. Ова е глад предизвикан од човекот што може да се спречи“, рече Лазарини.
Бројките на УНРВА се базираат на податоци за приближно 100.000 деца под петгодишна возраст. На УНРВА и на другите хуманитарни организации веќе шест месеци не им се дозволува да доставуваат помош во Газа. Агенцијата објави дека нивните магацини во Египет и Јордан содржат доволно храна за 6.000 товарни камиони, со залихи доволни за три месеци.
Меѓународниот притисок врз Израел се засили поради катастрофалната хуманитарна ситуација во Појасот Газа. Израел ја блокираше испораката на хуманитарна помош и го обвини Хамас за пренасочување на залихите.
Израел претходно обвини членови на УНРВА за учество во терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.
Контроверзната Хуманитарна Фондација за Газа (ГХФ), поддржана од Израел и САД, од крајот на мај почна да дистрибуира хуманитарна помош на местото на УНРВА, а за време на дистрибуцијата на помошта, имаше многу жртви меѓу Палестинците.
МИА
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
