-->
-->
Бројот на барања за азил во ЕУ, опадна за една третина
-->

Бројот на лица кои поднеле барање за азил во земјите на ЕУ, е намален за една третина во однос на истиот период минатата година, објави денеска Европската агенција за статистика.
Во извештајот, агенцијата забележала 290.000 поединечни барања во првата четвртина од годината, додека во истиот период во 2015 година забележани се 426.000 барања, јави Танјуг.
Поголемиот број од барањата за азил, дури 102.000 се поднесени од мигранти од Сирија, додека останатите баратели за азил се со потекло од Ирак и Авганистан.
Германија прими убедливо најголем број на барања, таму аплицирале дури 61 отсто од вкупниот брај на мигранти во земјата ЕУ.
Најмал број, само пет барања за азил прими Естонија, додека во Словенија поднеле вкупно 15 мигранти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
-

Тутунарите не се задоволни од понудените откупни цени за годинашнава реколта
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
