Бродот „Мис Стон“ ќе биде изваден од Студенчишкиот канал

Бродот „Мис Стон“ од кој се излеа одредено количество нафта во Студенчишкиот канал на Охридското Езеро утре ќе биде изваден од вода. Тоа е одлуката на надлежните власти од Локалната самоуправа кои веднаш по информацијата за излевањето на нафта во водата на каналот излегоа на лице место, заедно со претставници на Државниот инспекторат за животна средина и Капетанијата на пристаништа за цивилна пловидба.
Истовремено од Општина Охрид соопштија дека согласно законската регулатива инспекторатот ќе ги превземе сите законски мерки, како и оти веќе е отворен предмет во инспекциска постапка.
Бродот „Мис Стон“ кој децении наназад е закотвен во каналот кај Студенчишта, делумно е под вода така што дел од нафтата од резервоарот на пловилото се излеа во водата, предизвикувајќи загадување на тој исклучително важен, од биолошки аспект, дел на еко-системот на Охридското Езеро.
Најавено е дека наделжните институции ќе утврдуваат мерки за заштита на каналот, меѓу кои и дислоцирање на старите и дотраени пловни објекти што, како во овој случај, претставуваат закана по еко-системот на Охридското Езеро.
Ново на Сител
-

Багеи: Договорот со САД нема да биде потпишан утре
-

Штипските доброволци пожарникари ќе добијат заштитна опрема од Америка
-

Средба Мицкоски - Ердоган: Владата останува посветена на создавање поволна деловна клима за нови турски инвестиции и работни места
-

Дејвис куп: Македонските тенисери се вратија во Втората светска група, совладана Црна Гора
-

На југот на Холандија 200.000 жители предупредени да ја зовриваат водата поради ешерихија коли
-

Модриќ става крај на кариерата по СП 2026
-

Општина Дебар успешно ја реализираше првата фаза од дератизацијата и дезинсекцијата
-

Израел нареди евакуација на 20 градови и села во јужен Либан
