Брод тоне во Јадранско море
Во јадранскиот архипелаг Јабука изутрината се случила несреќа на турски товарен брод откако вода продрила во потпалубата.
Според последните информации, дел од посадата е евакуирана, нема повредени и не забележано загадување на морето.
Хрватското Министерство за море соопшти дека во координацијата меѓу хрватската и италијанската страна преземена е акција за спасување во која евакуирани се осуммина членови на посадата.
Капетанот на турскиот брод одлучил да остане заедно со четворица членови, колку што е можно повеќе, во обид да го спасат бродот.
Бродот е долг 85 метри со 13 членови на посадата, од кои 11 се државјани на Турција и двајца на Индија, и плови под знаме на Турција.
Бродот се наоѓа на 52 километри од островот Вис, во подрачје кое излегува од хрватското територијално море.
Во соопштението се истакнува дека на позицијата моментно не е воочено загадување на морето, но се додава дека Управата за сигурност на пловидба мора да ги помине сите протоколи со цел спречување и санирање на евентуално загадување, со оглед на тоа што турскиот брод пренесува 3.000 метрични тони синтер магнезит, а во бродскиот магазин има околу 70 тони погонско гориво.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Уставен остана без претседател
-
Гласачкото ливче со двајца, а желба за член на Судски совет има еден кандидат
-
Замениците ги преземаа министерствата
-
Прва координација кај Гаши - партиите без договор за формирање на собраниските тела
-
Филипче ќе се кандидира за претседател на СДСМ, во трката се Петровска и Деспотовски
-
Две третини од граѓаните на лето се ладат во автобуси и трговски центри оти немаат пари да го изладат домот
-
Нема операции, пациенти си одат дома без интервенции
-
Одложено судењето за Мерко