Брнз: Не може да има изговор за ваков акт на политичко насилство, од ова ќе излеземе посилни

Американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнз во објава на Твитер ги осуди насилствата во американскиот Конгрес во Вашингтон.
-Благодарна сум за изразите на грижа и поддршка од пријателите и партнерите во Македонија кои ја пренесоа својата верба во силата и отпорноста на американската демократија. Знам дека од ова ќе излеземе посилни и оти доаѓаат подобри денови, напиша американската амбасадорка на Твитер.
Таа посочува дека не може да има изговор за ваков акт на политичко насилство, како што беше нападот врз Капитол хил во средата.
-Претставува утеха што овие акти на насилство беа осудени ширум САД и во светот и само по неколку часа, нашиот Конгрес го потврди изборот на Бајден како иден претседател на САД, а претседателот Трамп вети уредна и беспрекорна транзиција на власта на 20 јануари, напиша Брнз на својот официјален Твитер профил.
Пред два дена толпа поддржувачи на претседателот во заминување Доналд Трамп упаднаа во американскиот Конгрес, при што животот го загубија пет лица.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
