Брнабиќ: Со Курти нема разговори и договори
Српската премиeрка, Ана Брнабиќ, изјави денеска дека со премиерот на Косово, Албин Курти, „нема разговори и договори и нема да има ниту заеднички договор“.
Брнабиќ повтори дека состанокот во Тирана пред неколку дена бил „многу бурен и тежок“ и дека станува збор за подготвителен состанок за 15 јуни во Брисел, на кој ќе присуствува српскиот претседател Александар Вучиќ.
-Тој секој ден и се заканува на Србија со тужби за геноцид. Нека покрене тужба и потоа нека каже што сака, нека докаже што има, но да не се заканува, особено не на регионални состаноци, затоа што тогаш прави циркус од нив, изјави таа за ТВ Прва.
Српската премиерка оцени дека, што се однесува до Косово, „работите се тешки и ќе бидат се потешки“.
-Фактот што сега имаме политички елити во Приштина, луѓе кои не сакаат да зборуваат, е катастрофа за целиот регион и ќе биде исклучително тешко за претседателот (Вучиќ) на 15 јуни, оцени Брнабиќ.
Таа, исто така, кажа дека „нема надеж“ дека ќе се постигне заеднички консензус со другите партии за прашањето на Косово, бидејќи, како што додаде, ако тоа го ослабе Вучиќ, лидерот на Партијата за слобода и правда, Драган Ѓилас, би бил на страната на Курти.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228