Британските парламентарци најавуваат дека ќе го спречат Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон е соочен со „пресметка во парламентот“, по неговото вчерашно предупредување дека ќе распише предвремени избори за 14 октомври доколку пратениците ја прземат контролата врз работата на парламентот.
„Побунетите ториевци“ и пратениците на Лабуристичката партија планираат нацрт закон со кој ќе го запрат излегувањето на Велика Британија од ЕУ без договор на 31 октомври, пренесува Би-Би-Си.
Предлог законот ќе го присили премиерот да побара одложување на Брегзит до 31 јануари 2020 година, освен доколку пратениците до 19 октомври не одобрат нов договор или не гласаат за излегување од договорот.
Премиерот Џонсон изјави дека не сака избори, но дека напредокот во преговорите со ЕУ ќе биде „невозможен“ доколку пратениците победат во оваа политичка битка.
Џереми Корбин изјави дека Лабуристичката партија е подготвена за општи избори.
Секретарот за Северна Ирска во владата во сенка Тони Лојд најави дека лабуристите ќе гласаат против било какви планови на владата за одржување општи избори пред Велика Британија да ја напушти ЕУ на 31 октомври.
Според Законот за парламентот, премиерот мора да побара поддршка од две третини од 650-те пратеници за есенва да го почне изјаснувањето.
Многу пратеници се собрани во нов обид да го запрат Брегзит-от без договор, пренесе Би-Би-Си.Откако ќе заврши паузата и парламентот повторно ќе се собере на работа, се очекува пратениците да го активираат правилото што овозможува итна расправа.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
