-->
-->
Британските авиони втор пат бомбардираа нафтени наоѓалишта во Сирија
-->
Британските воени авиони синоќа ја извршија втората серија напади врз цели на Исламска држава во Сирија, при што втор пат бомбардираа нафтени наоѓалишта, изјави министерот за одбрана Мајкл Фалон за време на посетата на британската военовоздухопловна база во Кипар.
- Синоќа прв пат ги видовме Тајфуните во акција, рече Фалкон и додаде дека тие извршиле успешни напади врз нафтеното наоѓалиште во Омар, во источна Сирија, кое е под контрола на ИД.
Авионите Тајфун пристигнале во базата Акротири во четвртокот, приклучувајќи се кон авионите Торнадо.
Британскиот Парламент во средата вечерта даде одобрување на воздушните напади на британските сили врз џихадистите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кавадарчанец фатен во обид за земе пари од каса во продажен објект
-
Средба на министерот Муцунски со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии
-
Жена загина во Солун во експлозија на бомба – веројатно додека го пренесувала експлозивниот механизам
-
32-годишник пријавил дека му се заканувале преку аудио снимки и социјални мрежи, приведени двајца неготинци
-
Акциска контрола во угостителски објект покрај патот Тетово-Гостивар, приведени пет странски државјанки
-
Зеленски го отфрли предлогот на Путин за тридневно примирје
-
Акциска контрола во угостителски објект во Штип, приведен 29-годишник, пронајдена дрога
-
Парламентарни избори во Австралија