Loading Video...
Свет
7. јуни 2022 - 12:20

Британскиот премиер Борис Џонсон ја доби довербата од пратениците да продолжи со својата функција

Британскиот премиер Борис Џонсон ја доби довербата од пратениците да продолжи со својата функција. 

Доцна синоќа во британскиот парламентарен дом мнозинството пратеници, 211, гласаа за владејачката Конзервативна партија да продолжи со мандатот. Против беа 148, а за интерпелација потребни беа најмалку 180 гласови.

По ова, Борис Џонсон најмалку една година е сигурен за премиерската функција, бидејќи по неуспешна интерпелација законот за толкав период го штити од ново гласање за недоверба.

Противниците на британскиот премиер на синоќешното гласање гледаат како на загубена битка, но не се откажуваат од војната.

Џонсон долго го следат низа етички скандали, особено поради забавите што се одржуваа во владините згради во време на пандемија, додека на сила беа антиковид мерки. 

Тоа не само што го навлече гневот на неговите противници, туку ја слабна и внатрепартиската поддршка за лидерот на партијата.