Британскиот Парламент вечерва на итна седница за Брегзит
Претседателот на Долниот дом на британскиот Парламент, Џон Беркау, одобри итна расправа на Парламентот за излегување на Велика Британија од Европска Унија без договор на барање на група пратеници кои се спротивставуваат на тоа.
Беркау додаде дека дебатата ќе започне вечерва и ќе трае три часа.
Пратениците кои се спротивставуваат на планот на премиерот Борис Џонсон, Лондон да ја напушти ЕУ на 31 октомври и без договор, сакаат да добијат време и утре да усвојат закон, со кој би се одложил Брегзит.
Џонсон, кој го загуби мнозинството во Парламентот, бидејќи неколку членови на неговата Конзервативна партија го поддржаа барањето, најави предвремени избори, кои ги бараа опозициските лабуристи, а на кои тој лично се спротивстави.
Предлогот беше поднесен од пратеникот Оливер Летуин кој изјави дека поради суспендирањето на Парламентот разгледувањето на прашањето за Брегзит без договор станало итно. Неколкумина конзервативци го поддржаа предлогот за вонредна дебата.
Пратениците планираат да преземат контрола врз парламентарниот дневн ред утре и да се обидат да донесат нацрт закон со кој ќе биде принуден Џонсон да бара одлагање на Брегзит.
Според првични изјави на аналитичари во Лондон, Владата ќе загуби на утрешното парламентарно гласање.
Ново на Сител
-

Рибакина ја престигна Сабаленка и се искачи на врвот на светската ранг-листа на ВТА
-

Божиновска на презентацијата на новиот болид на MES Racing: Македонските студенти покажуваат дека имаат знаење за големата инженерска сцена
-

„Вашингтон пост“: Кенеди-центарот пред банкрот, можно е да биде затворен уште утре
-

Одложени разговорите меѓу Иран и заливските држави за Ормуз
-

ЦДУ на Мерц победи на локалните избори во Долна Саксонија, АфД со голем раст
-

Кејн го постигна својот 150. гол за Баерн
-

ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени
-

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии, ќе се разгледуваат законски измени за рестриктивни мерки, здравство, транспорт
