-->
-->
Британскиот Парламент го одложи гласањето за договорот за брегзит
-->
Британскиот Парламент денеска одлучи да го одложи изјаснувањето за новиот договор за брегзит, што беше постигнат помеѓу Лондон и Брисел.
За одлуката за пролонгирање на гласањето се изјаснија 322 пратеници, додека 306 беа против.
Таквата одлука би можела да го принуди премиерот Борис Џонсон да побара ново пролонгирање на датумот за излегување на Велика Британија од Европска Унија.
Пратениците кои гласаа за одложување наведоа дека така ќе имаат повеќе време за дебата за договорот, за да не ризикуваат брегзит без договор. Џонсон изјави дека не сака да преговара со Брисел за ново пролонгирање на Брегзит.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Комисиска расправа во Собрание
-
Тема на денот со Константин Димитров, професор и експерт по енергетика
-
Реорганизација на министерствата ќе се носи по скратена постапка
-
Гаши се пишмани: Мојата татковина е Северна Македонија
-
Критично со хируршките сали
-
Трошоците за живот и натаму растат
-
Загрижувачки пад на наталитетот
-
Странските универзитети поинтересни за идните студенти