Свет
23. December 2021 - 8:18

Британски студии: Заразените со Омикрон поретко хоспитализирани

Две студии во Велика Британијао покажуваат дека инфекциите со варијантата на коронавирусот Омикрон имаат помала веројатност да „испратат“ лице во болница отколку со варијантата Делта.

Тие прелиминарни студии – едната во Шкотска, другата во Англија – беа поздравени од експерти, кои сепак предупредија дека поголемата зараза на тој сој на крајот може да доведе до потешки случаи. Анализата на лондонскиот Империјален колеџ покажа дека луѓето заразени со варијантата Омикрон имаат околу 20 отсто помали шанси да одат во болница од оние заразени со варијантата Делта. Оваа анализа ги вклучува сите случаи на ковид потврдени во Англија во првата половина на декември во кои може да се идентификува варијантата: 56.000 случаи на Омикрон и 269.000 случаи на Делта.

Посебна студија од Шкотска, спроведена од истражувачи од Универзитетот во Единбург и други експерти, заклучи дека ризикот од хоспитализација е за две третини помал кај Омикрон отколку во Делта. Но, студијата покажа дека скоро 24.000 случаи на Омикрон во Шкотска биле главно кај луѓе на возраст од 20 до 39 години. Младите луѓе се многу помалку склони да развијат тешки симптоми.