Британски комитет одлучи дека Борис Џонсон намерно го довел во заблуда Парламентот за „ковид-забавите“

Комитетот за привилегии при Долниот дом одлучи дека поранешниот британски премиер Борис Џонсон треба да биде суспендиран од пратеничката функција на 90 дена поради тоа што намерно го завел Парламентот за забавите што ги приредувал за време на пандемијата.
Џонсон намерно го доведе во заблуда парламентот за забавите за кршење на карантинот што ги организираше за време на пандемијата, што го поткопа неговиот кредибилитет и придонесе за неговиот пад, соопшти комисијата на пратеници по едногодишна истрага.
Членовите на персоналот на Џонсон одржаа серија забави во 2020 и 2021 година кога таквите собири беа забранети поради пандемијата.
Долниот дом сега ќе расправа за извештајот на комисијата и ќе одлучи дали се согласува со наодите на комитетот и препорачаните санкции.
Комитетот, исто така, рече дека на Џонсон не треба да му се одобри пропусница до зградата на Парламентот.
Ново на Сител
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
-

Се засилува заштитата на јагулата
-

Преглед на вестите од светот
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
