Британски археолози ископаа римска аристократка погребана во оловен ковчег
Британски археолози ископаа останки на 62 лица, меѓу кои и 23 деца, на претходно непознатото раносредновековно археолошко наоѓалиште близу гратчето Гарфорт, Англија. Научниците веруваат дека тоа е гробница од доцниот римски и раниот саксонски период бидејќи на местото се пронајдени признаци на обичаи од двете култури, соопшти Градскиот совет на Лидс.
Истражувачите се надеваат дека откривањето на гробишта стари 1.600 години би можело да помогне за нови сознанија за преминот меѓу две ери – на Римската Империја околу 400 година од нашата ера и основањето на подоцнежните англо-саксонски кралства. Имено, по падот на Рим, Западен Јоркшир бил дел од Кралството Елмет. Но, како и во цела Британија, и во оваа област преживеале доста влијанија од римската култура што продолжила да се меша со англосаксонската. Оваа практика траела неколку стотици години.
Меѓу највпечатливите наоди се останките на римска аристократка, погребани во оловен ковчег. За скелетот на неидентификуваната жена, се верува дека е стар 1.600 години. Инаку, пронајдени се и лични предмети, како што се ножеви и ќерамика. Археологот Дејвид Хантер, раководител на ископувањето, смета дека оловниот ковчег со скелет на римски аристократ е многу ретко откритие.
– Дрвениот ковчег е обложен со олово, што укажува дека се работи за личност со висок статус. Во ковчегот се пронајдени и парчиња накит, рече тој.
По анализата на наодите, што може да трае една или две години, ковчегот со олово треба да биде изложен во Градскиот музеј на Лидс.
Ново на Сител
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
УНИЦЕФ: Во последните два месеца во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени
-
За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат
-
Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце
-
Индијана потпиша со Мозес Браун