Loading Video...
Свет
5. September 2019 - 16:43

Британската влада ја напушти и братот на премиерот

Џо Џонсон,  братот   на британскиот премиер Борис Џонсон си поднесе оставка  како министер во британската влада и  од пратеничката фунцкија.

Потегот  на Џо доага само еден ден откако премиерот претрпе  два порази во парламентот. Прво долниот дом на парламентот  го усвои нацрт законот за спречување на Брегзит без договор  и второ го отфли владиниот предлог   за предвремени избори на 15 отковмри.  Утре Домот на Лордовите ќе гласа за нацрт законот, и доколку помине, ќе треба да го потпише кралицата за да стане закон.

Со тоа премиерот ке биде спречен да го спроведе Брегзит до 31 октомври без договор со ЕУ. 

Британските  медиуми коментираат дека  остaвката  на Џо како пратеник и  миниситер значи дека и тој не ја поддржува стратегијата на неговиот брат  за брегзит.